Среда во кафено и темно црвено
•
19 октомври 2016
Најсреќниот ден од неделата! На половина пат до викенд, блеснете во совршена есенска комбинација составена од најубавиот плетен фустан во кафена нијанса и топло крзнено елече без ракави. Чизмите денеска се од кадифе како еден од најпосакуваните материјали за оваа сезона, а чантата уникатна во слична боја со чизмите. Украсете ја комбинацијата со оваа марама во темно црвена боја која ќе ја врзете на вратот и кармин во иста нијанса.
Уживајте во оваа среќна среда!