Среда во капут со крзнени детали
•
29 ноември 2017
За оваа среда одбравме аутфит во кој се комбинирани црната и „мастило“ сината боја.
Со оглед на веќе зимските температури, топлиот капут е задолжителен во секој изглед. Нашиот избор е макси капут со крзнени детали на џебовите.
Го комбинираме со панталони во сина боја и плетена блуза со висока јака.
Изгледот е заокружен со чанта со интересна апликација и чизми до глужд.