Добро утро. Имаме дождлив и тмурен ден, но сепак се надеваме дека не' читате во добро расположение.

Нашиот денешен предлог е во склад со времето, па облечете панталони (во случајов се црни) и ролка.

На тоа додадете мантил во некоја интензивна боја или можете со принт ако имате таков.

Чизми до глужд се изборот на обувки, чантата е во ПВЦ стил, а секако од дома не изгледувајте без чадор.

Ако сте зимурливи, додадете и некоја марама или шал.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
10 март 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
582 пати