Среда во неодоливо црвено
•
6 јули 2016
Најсреќниот ден од неделата по неработниот ден поминете го во стилско издание составено од шик парчиња кои се must have за ова лето. Носиме искинати фармерки и ги комбинираме со слатка маичка со откриени рамена во неодолива црвена боја. Денеска модните додатоци се оние на кои им го посветуваме сето внимание, па така носиме црвено ранче, бохо сандали со пом – пом, шармантна алка, очила за сонце и интензивен црвен кармин.
Уживајте во денот!