Среда во плисирано здолниште и палто
•
28 октомври 2020
Со оглед дека надвор е сиво, ние одлучивме денешниот предлог-стајлинг да биде во светли нијанси, макар преку облеката да му пркосиме на времето.
Така, плисираното здолниште, тренд кој се' уште е доминантен, е во бела нијанса. Во комбинација е со беа блуза и карирано палто во светли кафени нијанси.
Кога се модните додатоци во прашање, изборот се чизми над глужд во темнокафена нијанса и плетена чанта во слични нијанси.
Вие прилагодете ја комбинацијата на вашите можности и гардеробер.
Ви посакуваме убав ден.