Денешната среда ја замислуваме во макси плисирано здолниште во пастелно розова и жолта боја. Интересно парче што внесува разиграност во стајлингот.

Здолништето ќе го споиме со светло жолта кошула од лен, што навестува лето, иако дождот упорно не се предава.

За оваа комбинација одбираме чевли со флорален дезен на ниска потпетица.

Имајте среќна среда.

Фото: Pinterest

Објавено:
31 мај 2023
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
915 пати