СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ
Среда во сатен во боја на шампањ
•
27 јули 2022
Добро утро!
Денешната комбинација ја градиме врз две парчиња облека во перфектно складни боја и материјал. За унифициран и едноставен, но елегантен изглед, сатенските шалвари со висок струк ги комбинираме со удобна сатенска кошула со длабоко деколте. За да се постигне илузијата на едноделен сатенски комбинизон, двете модни парчиња се избрани во истата нијанса на боја на шампањ.
Во комбинација со сандали со високи потпетици и суптилни детали како врвки со реси и мала шик црна чантичка, овој изглед ќе добие нова елегантна димензија.
Имајте убава среда!