Среда во сиви тонови
•
19 март 2024
Среда е убав ден за комбинација од црна боја и сиви тонови. Одбираме сиви карирани панталони и ги комплетираме со црна блуза.
На овие две парчиња облека додаваме широко палто на тричеврт ракави во темно и светло сива нијанса.
Како за крај имамe црни чизми со потпетица, a внесуваме малку боја со мала црвена чанта.
Ви посакуваме среќна среда.
Фото: Pinterest