Среда во совршена пастелна комбинација
•
20 јули 2016
Решивме да бидеме среќни оваа среда! По тој повод, денеска одберете го најубавиот колоритен бохо фустан од вашиот плакар и комбинирајте го со овие удобни чевлички во розова боја. Чантата е во малку посветла розова варијанта комбинирана со бело, а очилата за сонце неодоливо нежни. Ова е сѐ што денеска ви е потребно да уживате и да блеснете во денот!