Најсреќниот ден од работната недела прославете го со оваа комбинација која знаеме дека ќе ви се допадне уште на прв поглед. Денеска носиме жолто фустанче на куси ракави, а во утринските часови го комбинираме со интересен модел на тексас јакна и шармантни патики во неодолива боја. Чантата е во жолта и кафена нијанса со интересен украс во предниот дел, а она без што никако не смееме да излеземе од дома денеска се очилата за сонце. Комбинацијата истакнете ја со овие обетки во форма на ѕвезди кои ви се единствено потребни кога станува збор за накит.

 

Објавено:
3 мај 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
619 пати