Кошулата-фустан е ултимативно трендовско парче оваа сезона. Предизвикот е што може да се носи во различни варијанти и лесно да се комбинира со други парчиња облека и аксесоари.

Манекенката Криси Тајген носи една лежерно-сексапилна варијанта на долг бел кошула-фустан од H&M, под кој минимално наѕирка кожа. Во овој случај, таа нправила совршен спој со темен џинс со висок струк и екстра високи потпетици.

Лесно, брановидно фенираната коса и природната, чиста кожа на лицето ја заокружуваат перфектната појава.

Објавено:
1 јуни 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот