Стајлинг на неделата #32: селектирани предлози за празничните вечери инсипирани од изгледот на познатите

30 декември 2013

Наместо вообичаениот единствен избор на стајлинг за оваа недела, овој пат ви селектираме неколку соодветни изгледи инспирирани од познатите, а кои може да ги адаптирате на вашиот изглед за празничните прославувања. Во зависност од вашата возраст, амбиентот во кој ќе уживате, но пред се од вашиот индивидуален стил, кој од предлозите е најсоодветен за вас?

 

Доколку дури ни во празничен амбиент не се откажувате од деловниот изглед, секако истиот може да го адаптирате и во една посвечена варијанта. Елеганцијата многу едноставно ќе ја постигнете со ремен врз сакото, со кој ќе ја нагласите половината и облечете тесни црни панталони изработени од светкав материјал. Доволно е изгледот да го надополните со елегантни црни салонки и ќе бидете комплетни. Одличен избор на Џорџија Меј Џегер.

 

Ако имате покрупна линија, одберете фустан во А линија кој ќе паѓа под колената и ќе биде изработнен од суптилно дезениран материјал. Адел ваквиот елегантен изглед соодветно го надополнила со еднставна фризура, високо крената во пунџа.

 

Ако сте непоправлив романтичар по природа, тогаш и вашиот изглед за новогодишната ноќ може да го прилаготиде на вашиот карактер и да одберете мини двослоен фустан во бела боја. Во горниот дел кај рамената транспарентен, а надолу следејќи ја силуетата на телото да наѕирка богата тантела.  Прекрасната Лили Алдриџ направила комбинација со елегантни црвени високи потпетици и црвен кармин, и не погрешила во изборот.

 

Објавено:
30 декември 2013
Категорија: 
Стајлинг на денот