Стајлинг на неделата #65: минималистички коктел фустан+ доминантна декоративна панделка

1 септември 2014

Откако со својата стандардна гламурозна појава ги зачини овогодинешните доделувања на MTV наградите во Лос Анџелес, актерката и пејачка Џенифер Лопез се врати на својата улога на судија во музичкото талент шоу „Американски Идол“. Заедно со колегите, Џеј Ло се упати кон Њу Орлеанс, каде се одржа новиот круг од аудицијата. За појавување пред новинарите, 45 годишната поп-дива избра минималистички црно-бел  коктел фустан од Валентино. Преслатката креација со доминантна панделка е од последната колекција на италијанската модна куќа, а атрактивната Џеј Ло ја комбинираше со црни чевли на висока потпетица, дискретен накит,  нагласени очи и затегната коса во ниска пунџа.

 

Објавено:
1 септември 2014
Категорија: 
Стајлинг на денот