Стајлинг на неделата #78: труднички сјај во црна тоалета+ сребрен накит

4 декември 2014

Младата актерка Блејк Лајвли овие месеци е во блажена состојба, а за својата нова фигура избира навистина успешни стилски комбинации кои ја прават дополнително шармантна. Лајвли е уште една стилска мама која е пример дека трудничката мода со правилна селекција, и тоа како може да биде гламурозна. Во црна тоалета припиена на нејзиното тело, таа успеала и покрај заоблениот стомак да биде сексапилна. На настанот приреден од козметичката компанија Лореал, таа прошета во фустан со отворен грб кој ја следи линијата на телото, дополнилнет со сребрен масивен накит од алки и раскошни обетки. Оваа комбинација е стилска мотивација за сите идни мајки што можеби телесната состојба ги ограничува во изборот на гардероба.

Објавено:
4 декември 2014
Категорија: 
Стајлинг на денот