Ова е сезона на плетенини. Во секоја смисла на зборот. Плетенините се тренд и гаранција за удобна и топла зима. Дополнителен стилски бенефит е што може да ги комбинирате во различни варијанти на слоевитоста. Одлично се спаруваат со џинс, кожа, твид во неограничена палета на бои и дезени.

Оливија Палермо направила идеална зимска комбинација. Неслучајно ја одбрала белата боја која повторно асоцира на зима, снег, чистина. Дебелиот бел џемпер-ролка што изгледа неодоливо удобно, го споила со здолниште исто така во бела боја. Белината во овој изглед ја разиграла со шал со интересен дезен што го наметнала врз ролката и секако комбинацијата е заокружена со високи црни чизми над колена.

Објавено:
16 декември 2014
Категорија: 
Стајлинг на денот