Jessie-J-a-Los-Angeles-le-13-novembre-2014_portrait_w674

Оваа недела нè инспирираше Џеси Џеј. Нејзината комбинација е во рокерски стил, а се состои од тесни кожени панталони во комбинација маица со принт и бомбер јакна во маслинесто зелена нијанса.

Џеси Џеј не ја заборавила ниту карираната кошула, вистински тренд, но во нејзината комбинација е врзана околу половината.

Патиките се изборот на обувки, а од модните додатоци тука се очилата за сонце. Лежрна, рок и впечатлива комбинација, која одлично ѝ прилега на пејачката со неверојатен глас.

Објавено:
17 март 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот