Вторнички ќе започнеме со колоритен макси фустан со голи рамена. Интересна спојка на бела, светло црвена и нијанси на виолетова создадена за топли летни денови.

Наш совет е секогаш да одберете лесен материјал во кој што ќе се чувствувате максимално комфорно, а истото важи и за чевлите.

Како моден додаток тука се очилата за сонце и чантата којашто овој пат е во бела боја.

Имајте убав ден.

Фото: Pinterest

Објавено:
18 јули 2023
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.024 пати