Денешниот прилично ветровит ден ќе го стартуваме со беж мантил.

Ова парче облека е еден од заштитните знаци на пролетта, а ќе го искомбинираме со џинс и блуза на риги, кои се секогаш тренди.

Ветрот ни налага да ставиме капа или шешир, па можете да го финиширате стајлингот токму со тоа.

Удобни чевли со врвки во окер нијанса, чанта во иста боја и вторникот може да започне.

Фото: Pinterest

Објавено:
28 март 2023
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.323 пати