Овој вторник облачно време во градот, па да најдеме комбинација со која ќе го разубавиме. По тој повод, денеска одбравме стилски бел комбинезон со впечатливи црни точки по површината.

Сосема во летен стил, истиот го надополнивме со високи сандали на плута со панделка во предниот дел како едни од најудобните обувки во летниот период.

Чантата денеска е кружна и сламена, а комбинацијата дополнително ја истакнуваме со кафена шапка и кружни обетки.

Имајте убав ден!

Објавено:
25 јуни 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
591 пати