Вторник во бела ролка и здолниште со принт
•
19 февруари 2019
Вториот ден од работната недела го дочекавме со прекрасно сонце, а се чини и температурите ќе бидат одлични.
Денеска носиме бела топла ролка и ја комбинираме со кусо црно здолниште со впечатливи везови во предниот дел.
Комбинацијата задолжително надополнете ја со едноставни црни хулахопки и чизмички, а сосема на крај и стилски црн капут.
Кога говориме за модни додатоци, денеска носиме единствено чантичка во крем нијанса и сребрен накит.