СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ

Вторник во бели модни парчиња од глава до пети

23 август 2022

Добро утро!

Свежината на ова вторничко утро нека се рефлектира во вашиот избор на денешниот аутфит. Оваа безвременска, елегантна и монохромна бела кобинација од класични блејзер и пантолони е совршена за повеќе различни пригоди, од канцелариска работа па сè до дневно излегување со пријателите.

Фото: Pinterest

Формалната нота на оваа комбинација може да се разбие со изборот на топ, како што е овој уникатен пример во корсет стил. Модните додатоци како чантата, накитот и чевлите нека бидат елементите кои ќе го отсликаат вашиот препознатлив стил.

Уживајте во денот.

Објавено:
23 август 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
514 пати