Вторник во црно фустанче и крем капутче
•
16 октомври 2018
Утрово се разбудивме со малку пониски температури, па тоа значи дека без проблем можеме да го извадиме омиленото капутче од плакарот.
Носиме едноставно црно фустанче на кратки ракави и го комбинираме со топло и шик крем капутче со црни кожени ленти околу вратот.
Комбинацијата надополнете ја со едноставни црни рамни патики и чантичка со интересна форма и впечатлив патент во предниот дел.
Имајте убав ден!