Добро утро. Овој вторник сме есенски расположени и нашиот предлог е комбинација во кафени тонови. Основа на стајлингот се црни широки панталони со висок струк, кои ги комбинираме со горен дел во темнокафена нијанса, со должина до половината.

Горниот дел може да се носи и само така, а може под него да имате некоја маичка на прерамки или без ракави, па да го комбинирате како јакничка. Има џебови во предниот дел и ремен кај половината, со што уште повеќе ја истакнува.

Комбинацијата за заокружуваме со чевли со широка потпетица во кафена, беж и црна нијанса и чанта и очила за сонце во слична кафена нијанса. 

Имајте убав и продуктивен ден!

Објавено:
25 септември 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
594 пати