Вторник во кафено свилено здолниште
•
24 јули 2018
Вториот ден од работната недела го дочекавме со ниски температури невообичаени за ова време од годината, па доколку ви недостасуваше некоја блузичка на долги ракави, денеска можете да си ја облечете.
Ние го носиме омиленото тенко кафено џемперче и го комбинираме со долго свилено здолниште во кафена нијанса, малку посветла од блузичката.
Бидејќи сепак е лето, комбинацијата надополнете ја со едноставни папучи во темно црвена боја и уникатна чанта во пруги.
Освежете го стајлингот со оваа шапка во сино – кафена нијанса и уживајте во денот без оглед на времето.