СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ
Вторник во комбинација од џинс
•
4 октомври 2022
Добро утро!
Овој вторник ќе му дадеме предност на џинсот. Комбинациите на џинс со џинс веќе некое време се навестени како есенски тренд, па денес ќе го практикуваме на тој начин што ќе одбереме удобни фармерки со едноставен крој во светла сина боја и ќе ги споиме со предимензионирана класична тексас јакна под која можеме да носиме блуза или џемпер зависно од температурите.
Комплетирајте го изгледот со модни додатоци како чанта и еспадрили од кожа во кафена боја.
Уживајте во денот.