Денешниот вторник е посветен на крем фустан со копчиња. Високите температури нè предизвикуваат, па наоѓаме соодветен аутфит во којшто комотно ќе го поминеме денот.

Лесните материјали и светлите бои се токму тоа што ни треба, а тука спаѓаат и шеширите заедно со очилата за сонце.

Така го финишираме и стајлингот - впечатлив сламен шешир, очила, рамни сандали во окер нијанса и мини чанта.

Имајте убав ден.

Фото: Pinterest

Објавено:
17 јуни 2024
Категорија: 
Стајлинг на денот