Вторник во шик стајлинг
•
29 март 2016
Вториот ден од работната недела поминете го во стилска комбинација составена од неодоливи парчиња што сакаме да ги имаме во нашиот плакар. Денеска одберете модерно здолниште во крем нијанса со стилски шлиц во предниот дел. Комбинирајте го со топло џемперче бидејќи денеска надвор нѐ пречекаа малку пониски температури. Комбинацијата надополнете ја со оваа шик јакничка со реси од најпосакуваниот материјал сезонава. Бидејќи денеска речиси секое парче е во кафена нијанса, комбинацијата истакнете ја со чанта во темно црвена боја и кармин во иста нијанса, а косата украсете ја со оваа стилска шнола.