Вторник во сини нијанси
•
9 август 2016
Вториот ден од работната недела поминете го во тренди комбинација составена од фармерки, слатка кошулка без ракави и тексас јакна со апликации која денеска ќе ве заштити од свежото време. Комбинацијата надополнете ја со патики во темно сина боја и мала чантичка во иста нијанса, а кошулката украсете ја со впечатливо ланче со реси. Со оглед на времето кое не дочека утринава, задолжително понесете со себе и еден чадор кој ќе ве заштити од дождот.