Добро утро. Температурите полека ни ја најавуваат зимата, па токму затоа и ова утро ние подготвивме една топла комбинација за инспирација.

Облечете ги омилените фармерки, во случајов се во бела нијанса, но вие можете да направите ваш избор на боја. Усогласете ги со ролка/џемпер во истата нијанса ако имате и на тоа додадете топла јакна. Во конкретниов пример е верзија на монтка во кафена-бакарна нијанса, која доаѓа како контраст, а вие прилагодете ја комбинацијата на вашите можности.

Чизми и мала чанта се додатоците со кои е заокружен стајлингот.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
30 ноември 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.042 пати