Добро утро. Уште еден сончев ден пред нас, се надеваме дека го започнувате во добро расположение. Ние го започнуваме со нов предлог-стајлинг за инспирација.

Овој пат комбинацијата е составена од здолниште со принт - во конкретниов случај со зебра мотиви, но вие одберете какво што имате дома - и црна едноставна маичка без ракави.

На тоа се додадени сандали со тенко ремче, ремен и дискретен накит. Вие додадете и чанта и уживајте во денот.

Објавено:
17 август 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
614 пати