Вторник во жолто
•
13 октомври 2015
Утрово се разбудивме со пониски температури од вообичаено, па сега е вистинско време да ги извадите топлите џемперчиња од плакарот. Денеска носиме boyfriend фармерки и ги комбинираме со жолто тренди џемперче и кафени чизми до глужд. Од накит носиме алка во златна нијанса, а чантата е волуменозна и кафена. Усните и денеска се црвени и одлично одговараат со целата комбинација!