Џиџи или Бела Хадид?
•
3 јануари 2018
Не е првпат сестрите Хадид да имаат слични или идентични стајлинзи. Овој пат беа забележани во Њујорк на спортски натпревар, каде јавно покажаа дека се за тимот „Рејнџерс“, а дресот го имплементираа во својот стил, во комбинација со актуелни парчиња.
Џиџи се одлучи за сина варијанта на дресот, кој го комбинираше со бел џемпер одоздола и темносин џинс, како и сребрени патики и впечатлив ремен со нитни.
Бела пак, се одлучи за белата варијанта на дресот, комбинирајќи го со бел дуксер со качулка одоздола, посветол џинс со висок струк, бели чизмички до глужд и темносина капа, а на фотографијата се забележува дека носи и бела спортска торба.
Чија комбинација повеќе ви се допаѓа?