Кејти Холмс или Блејк Лајвли?
•
23 ноември 2016
За денешниот стилски двобој одбравме две актерки – Кејти Холмс и Блејк Лајвли. И на двете очигледно им се допаднал фустанот со потпис на Мајкл Корс.
Креацијата е од тантела збогатена со кристални детали и вез и чини 8.000 долари. Кејти Холмс го носеше изминатиов викенд на настанот „Moet & Chandon Celebrates the 2016 Young Women“. Го комбинираше со беж чевли и без други модни додатоци.
Лајвли пак го носеше овој фустан пред девет месеци, на ревијата на Мајкл Корс на Њујоршката модна недела за есен 2016. И таа го комбинираше со беж обуки, само за разлика од Кејти имаше посветла шминка.
На која подобро ѝ стои?