Колинда Грабар повторно ја ископира Меланија Трамп

21 декември 2019

Откако во 2018 година, хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ за првпат се појави во син фустан со горен дел, кој неодоливо потсетува на впечатливата комбинација на Меланија Трамп со која се појави за првпат во Белата куќа, многумина се согласија дека не ѝ треба таков стил.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kolinda Grabar Kitanoviç (@kolindagrabar_kitanovic) onOct 23, 2018 at 7:30am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by First Lady Melania Trump (@flotus) onJan 20, 2018 at 8:15am PST

 Да носите нешто што веќе е видено и притоа е мошне коментирано и популарно, секако не е добар начин да добиете позитивни поени.

Но, претседателката, која низ годините го менуваше стилот и имаше како катастрофални, така и фантастични модни изданија, одлучи дека повторно ќе се појави во истиот стајлинг.

 

Имено, во Хрватска наскоро ќе има претседателски избори, па по тој повод неодамна на една хрватска телевизија се одржа телевизиска дебата со сите кандидати, меѓу кои и актуелната претседателка.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Vijesti.hr (@vijestihr) onDec 18, 2019 at 2:40am PST

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Anamaria (@anamariasepl) onDec 17, 2019 at 3:35pm PST

За оваа пригода, Китаровиќ повторно ја одбра комбинацијата која претходно беше оспорувана и уште еднаш предизвика коментари дека ја копира Меланија Трамп, како и дека треба да престане да го прави тоа, односно да престане да го носи тој фустан, кој патем е лоша копија на оригиналот.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Hrvatska do groba (@hrvatska_do_groba) onSep 5, 2018 at 5:33am PDT

 

Објавено:
21 декември 2019
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
4.614 пати