Кортни Кокс или Џенифер Анистон?
•
12 јуни 2018
Двете пријателки Џенифер Анистон или Кортни Кокс неодамна се појавија на доделувањето на наградите за животно дело во организација на Американскиот филмски институт . Годинава, изданието е посветено на Џорџ Клуни, а Анистон и Кокс одлучија да му дадат поддршка.
Она што го забележаа модните медиуми е дека нивниот стајлинг беше неверојатно сличен. И двете актерки се појавија во долги црни фустани со асиметричен горен дел.
Изборот на Анистон беше модната куќа „Кристијан Лакроа“. Фустанот го усогласи со чанта „Валентино“ и сандали „Гучи“, додека Кортни Кокс се одлучи за креација од дизајнерот Ролан Муре.
Чија комбинација ви се допаѓа повеќе?
фото извор: popsugar.com;