Денешниот стилски двобој датира од порано, но е нешто што несомнено би сакале да го носиме и денес, во летната сезона.

Се работи за креација од модната куќа „Валентино“, која во 2013 година ја носеа и Алекса Чанг и Одри Тоту.

Алекса Чанг

Алекса одлучи да се појави во креацијата на доделувањето на „Греми“ наградите кое се одржува во февруари месец, додека младата актерка го одбра ова фустанче за пристигнувањето на Канскиот филмски фестивал, кој традиционално се одржува во мај.

Чанг фустанот го комбинира со сребрени, додека Тоту со чевли во беж боја.

Одри Тоту

Интересно е тоа што и двете се одлучуваат за природен и нежен изглед, без впечатливи модни додатоци. Она што ја извдојува Алекса е црвениот кармин, додека Одри изгледа неодоливо со кусата црна коса.

На која подобро ѝ стои „Валентино“?

Објавено:
20 јули 2016
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
311 пати