Ријана е позната по експериментирањето како со стилот на облекување, така и со изгледот, а овој пат за поздравување е комбинирањето на машки парчиња облека. Пејачката беше забележана на аеродромот во Берлин и тоа во тегет блузон со принт, црни хеланки, патики од  Air Jordan Olympic Retro и кожената машка јакна од Suprime, направена од три блок бои: зелена црвена и црна.

Англиско – Американскиот пејач и диџеј Марк Ронсон на доделувањето на  Prince’s Trust Celebrate Success Awards во Лондон се појави во истата кожена јакна во комбинација со блејзер, црна маица,чевли и црни фармерки.

Според вас, на кој музичар подобро му стои кожената блок јакна од Suprime?

Објавено:
2 декември 2013
Категорија: 
Стилски двобој