Веста дека Бијонсе се породи за многумина значеше конечен крај на објавите за нејзината бременост. Сепак, во морето информации поврзани околу близнаците, нејзиниот стил во текот на бременоста и секојдневните објави, ја забележавме и онаа за сличноста помеѓу Бијонсе и Сијара, која се породи речиси месец дена пред нејзината колешка.
Денешниот стилски двобој го посветуваме токму на овие две дами, кои во краток временски период се појавија во речиси идентитчни фустани.
На Греми наградите одржани во првата половина на февруари годинава, се појави во креација на Питер Дандас. Долгиот, светкав фустан со долги ракави и деколте кое открива многу беше нејзиниот избор за музичката свеченост од која си замина со неколку награди.
Сијара пак, се одлучи за фустан со речиси идентичен крој, но изработен од кадифе, кој го носеше на забавата по годинашните Оскари, одржани кон крајот на февруари. За разлика од Бијонсе која носеше долг ѓердан, Сијара се одлучи за широк чокер, а фризурите им се исто така идентични.
Обожавателите на Бијонсе веднаш изреагираа дека Сијара комплетно го „украла“ нејзиниот изглед и дека ар-ен-би дивата изгледа подобро.
Каков е вашиот став? На која подобро ѝ стои?