Брзо и вкусно: Чоколадни сникерс бомбици

6 декември 2019

Иако ретко кој не го сака ова празнично расположение и период од годината, не секогаш имаме време да се подготвиме онака како што сакаме. 

Ако е таков случајот и кај вас, денеска ви предлагаме рецепт за кој нема да ви е потребно многу време, а е навистина вкусен. И чоколаден. Со вкус на кикирики.

Се работи за бомбици, кои можете да ги декорирате како сакате. 

Потребно:

200 гр. путер од кикирики

100 гр. путер, омекнат на собна температура

3 филџани шеќер во прав

1 лажица екстракт од ванила

2 лажици мелени бисквити

За украсување: 200 гр. чоколадо за глазура или чоколаден прелив за колачи; декорации за божиќни колачи, мрвици или што и да ви е желба. Тенки стапчиња по желба.

Подготовка:

Сите состојки помешајте ги со лажица, па потоа добро соединете ги со раце. За тоа ви е потребно најмногу десет минути. Потоа, обликувајте ги бомбиците со дланките. Нека бидат во приближно иста големина. Оставете ги 15 минути во замрзнувач за да може чоколадната глазура која следи побрзо да се зацврсти. Бомбиците извадете ги од замрзнувач, а потоа ставете ги во растопено чоколадо. Украсете со мелени кикирики или шарени трошки за колачи или божиќна декорација.

Истово можете да го повторите и со бело чоколадо, доколку повеќе ви се допаѓа.

Ако сакате да ги презентирате поубаво, ставете ги на дрвени стапчиња. Секако, никој нема да им одолее. 

П.с. калорични се, но празниците се токму за тоа, за да се опуштиме малку :)

 

Објавено:
6 декември 2019
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
1.692 пати