Инспирирани да вкусиме – Инстаграм профил со маестрални слатки задоволства

7 април 2023

Гастрономијата е уметност. На инстаграм профилот @inspiredtotaste тоа е илустирирано преку маестрално изработени слатки задоволства, толку реалистични, што додека не ги вкусите не сте сигурни дали тоа сепак се „само" колачи.

„Уметност што се јаде", така стои во описот на наградуваниот инстаграм профил зад кој стои талентираната 43-годишна слаткарка од Тексас, Лиз Џој која во овој магичен свет навлегува сосема случајно во 2015.

Имено, таа претходно имала успешна кариера како арт директор во Холивуд, работа која ѝ овозможувала блиска комуникација со најпознатите продукции и ѕвезди од црвениот тепих. Но, поради болест и неможност повеќе тоа да го работри, морала да се повлече од тој свет. Но, како велат, кога една врата се затвор, а се отвораат десетици други. Така го открила фантастичниот свет на слатките.

Сега, со речиси 140 илјади следбеници на инстаграм, преку својата работа „од дома" таа инспирира со својата приказна и талент.

Погледнете какви „чуда" парави.

Објавено:
7 април 2023
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
462 пати