Кафето што го „преплави“ Инстаграм!

4 февруари 2017

Кафето е нешто без што ретко кој може да се разбуди во утрата, а особено е вкусно во друштво со пријателите и семејството во било кој дел од денот.

Токму овој вкусен топол или ладен напиток е еден од оние од кои може да се најдат најголем број фотографии на социјалната мрежа Инстаграм, особено на профилите на модните дами кои го стилизираат со бројни модни додатоци.

Овој напиток е вистинска класика и ретко кој не пие барем некаков вид кафе за кое мора да признаете дека барем еднаш сте го фотографирале.

Најновото вкусно кафе што го освојува Инстаграм е вистински поврзано со модниот свет. Имено, ако го следите профилот Coffee ‘N Clothes веројатно веќе сте го виделе ова прекрасно кафе лате со дизајнерско лого.

Овој напиток е дефинитивно посветен на сите обожаватели на кафе и луксузни брендови, па така фотографии можеме да видиме на бројни профили на познати блогерки и ѕвезди.

Доколку и вие сакате да бидете дел од овој предизвик и да ја споделите вашата омилена фотографија од вкусно кафе и некој моден детаљ, тогаш направете го тоа под задолжителниот хаштаг #coffeenclothes.

 

Објавено:
4 февруари 2017
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
563 пати