Шест македонски инстаграм профили за храна што ќе сакате да ги заследите веднаш

11 март 2020

Доколку сте љубител на храна, а уште повеќе на готвењето, сигурни сме дека овој текст ќе ви го привлече вниманието.

Порано рецептите се пренесуваа од генерација на генерација. Сигурни сме дека вашите мајки или баби имаат тетратки кои ги чуваат и денес. Уште повеќе сме сигурни дека речиси секој од вас има омилено јадење што го прави вашата мајка и кое е без конкуренција.

Меѓутоа, со распространетоста на социјалните мрежи, интересни рецепти за вкусни оброци можете да најдете секаде.

Ние денеска обрнуваме внимание на македонски инстаграм профили каде што ќе можете да уживате во одлични фотографии и интересни рецепети, па токму затоа и ќе посакате веднаш да ги заследите, ако досега не сте го направиле тоа.

Немате идеја што да зготвите - ве дели само клик до фантастични идеи.

Погледнете:

@daveskitchenofficial

Инстаграм профил на младиот Давид, кој што издаде и своја книга рецепти „Dave's kitchen: Гответе насмеани“, го следат преку 30.000 луѓе. Притоа, речиси сите рецепти се базирани на нашата традиционална кујна. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Dave's Kitchen (@daveskitchenofficial) onFeb 16, 2020 at 2:29am PST

 

 @snestorovskaa

Ако сакате да ја смените навиката да јадете премногу калорична храна и сакате да се посветите на здрави оброци, тогаш профилот на Стефанија сигурно ќе ви се допадне. Исто така, доколку вежбате и водите здрав начин на живот, тука ќе најдете одлични идеи за сите оброци во денот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Stefanija | Health & Fitness (@snestorovskaa) onMar 4, 2020 at 3:13am PST

 

@gotvime.so.tea

Теодора Георгиевска стои зад овој Инстаграм профил, односно блог за храна. Прогласена беше за Best Food Influencer 2019, а кај неа можете да најдете традиционални рецепти и совршени идеи за ручек и десерт.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Cooking with Tea (@gotvime.so.tea) onMar 4, 2020 at 2:59am PST

 

@gotvi.mk

Ова е инстаграм профилот на истоимената веб страна за готвење. Освен што самите нудат идеи што би можеле да зготвите, пласираат рецепти и од читатели и нивни следбеници. Во богатата палета оброци, често можете да видите и рецепт за некое пециво, односно пита што сигурни сме на голем број од вас ќе го привлече вниманието.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Gotvi.mk (@gotvi.mk) onMay 26, 2019 at 9:45am PDT

 

@kujnata_na_mama

Што да ручате, рецепти за 5 минути, идеи за оброци за бебиња и секако предлози за фантастични колачи, сето ова може да се најде на профилот „Кујната на мама“. Рецептите се за оброци во кои ќе уживаат сите членови на семејството.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Кујната на мама (@kujnata_na_mama) onJan 29, 2020 at 7:54am PST

 

@kocovska.marija

Марија е блогери и уредник на @sezahrana.mk. Кај неа вниманието ни го привлекоа рецептите за вкусен и брз десерт. Но, освен храна, ќе видите и прекрасни дестинации и впечатоци од нејзините патувања. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Марија Кочовска (@kocovska.marija) onDec 9, 2018 at 11:49am PST

 

Објавено:
11 март 2020
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
8.424 пати