Торти што горат: Новиот хит на социјалните мрежи

4 февруари 2024

На социјалните мрежи во последниов месец кружат голем број на вирални видеа на коишто се прикажани торти како "горат".

Всушност гори само еден слој од неа, а целото вкусно пакување останува недопрено. Визуелниот момент е навистина интересен, а како дополнување на сето ова следува порака – изненадување, откако горниот дел од тортата ќе изгори.

Виновникот за новиот тренд е слаткарката Дениз Стујарт, која пред пречекот на 2024-та го објави првото вакво видео коешто за кратко време доби преку милион прегледи.

Разни варијации од торти што горат веднаш се најдоа на TikToku и Инстаграм, секоја со свој дизајн и порака.

Предвидувањата се дека ќе бидат особено популарни за Денот на вљубените, но се креативен избор и за родендени, соопштување на разни вести или пак за откривање на полот на бебето.

Она што гори е всушност хартија која што се јаде, а е изработена од компиров скроб, маслиново масло и вода.

Покрај персонализирани пораки, слојот којшто гори, може да открие и фотографија со која што ќе сакате некого да изненадите.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by burnaway cakes (cakesbynams)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (delicious_bakez)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by burnaway cakes (cakesbynams)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Rhianne (bakesbyrhi)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by burnaway cakes (cakesbynams)

Објавено:
4 февруари 2024
Категорија: 
Вкусно