На сите ни се случило ненадејно да ни се најават гости и во тие моменти да ни е потребен брз рецепт што ќе ги воодушеви.
Денес имаме еден таков - чоколадна торта без брашно, а потребни ви се само неколку состојки.
Погледнете:
Состојки: 175 гр. темно чоколадо; 7 јајаца; 140 гр. путер. По желба уште 100 грама чоколадо и 200 гр. слатка павлака или кесичка шлаг.
Подготовка:
-Рерната загрејте ја на 130 степени. Калапот за торта обложете го со хартија за печење.
-Чоколадото искршете го на коцки, стопете го на пареа, а кога ќе се стопи цело, во смесата ставете ги коцките путер. Мешајте додека и тие не се растопат, а смесата не стане компактна.
-Жолчките изматете ги пенасто, а потоа со лесно мешање додадете ги во изладената смеса од претходно.
-Во друг сад, изматете ги белките во цврст снег, па лажица по лажица додавајте ги во претходната смеса. Мешајте нежно, додека смесата не стане компактна.
-Потоа, истурете ја во калупот и прекријте со фолија. Калапот ставете го во поголем сад за печење. Поголемиот сад наполнете го со врела вода, отприлика до половина од калапот.
-Печете околу 25 минути, додека површината не стане крцкава кора, а средината мека. Оставете да се излади и украсете со овошје по желба или со какао. Можете и да ја изматите слатката павлата со претходно стопеното чоколадо и да ја ставите глазурата одозгора и да оставите да се стегне.
Погледнете неколку предлози за декорација: