Викенд рецепт: Брза есенска овошна торта без печење

17 октомври 2020

Викенд е, па зошто да не се почестиме со убав рецепт? Доколку сакате со нешто фино да ги израдувате домашните, а притоа сакате да го искористите и убавото време, ние пронајдовме рецепт кој нема да ви одземе многу време, а ќе ве освои со вкусот.

Се работи за Овошно парфе.

Потребно:  2 ќесички шлаг, 220 мл млеко, 250 гр бисквити, 150 гр малини,  2 банани, 50 гр чоколадни капки,  3-4 лажици сецкани орев

Подготовка:
- Ќесичките шлаг се матат со млекото со најголема брзина на миксерот;

- Бисквитите кршете ги, не премногу ситно и ги додаваме во шлагот, а потоа и оревите и чоколадните капки;. Промешајте се' заедно;

-На крајот ги додадете ги исечканите банани и малините, лесно промешајте и внимавајте премногу да не' ги иситните бисквитите;

-Во правоаголен калап обложен со стреч фолија истурете ја смесата и рамномернораспоредете ја во калапот.Потоа одозгора покријте ја со фолија;

- Оставете ја во замрзнувач неколку часа (5-6)

-Откако добро ќе се стегне, декорирајте по желба.

 

 

извор:@kitchen4me;

Објавено:
17 октомври 2020
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
3.531 пати