Вкусни чоко колачиња што не се печат!

27 јануари 2017

Веројатно и вие кога ќе се вратите од работа сакате малку да одмарате од денот и да се посветите целосно на себеси или пак на обврските што чекаат на вас.

Во оние денови кога ќе имате време плус, ви предлагаме да го пробате овој рецепт за супер брзи и вкусни чоколадни колачиња што не се печат кои ќе ги обожавате.

Потребни ви се многу малку состојки што веројатно веќе ги имате дома, а истите можете дополнително да ги разубавите со некои бонбони во боја.

Потребно:

-Една шолја млеко

-Една шолја шеќер

-Еден маргарин

-Едно чоколадо за готвење

-1/2 килограм бисквити

-250 грама исечкани ореви

Подготовка:

Во еден голем сад на тивок оган полека измешајте го млекото и шеќерот и додадете го стопениот маргарин, а потоа и чоколадото за готвење. Додека смесата е уште топла, додадете ги скршените бисквити и оревите и добро мешајте. Целата смеса ставете ја во сад за печење и кога ќе се излади, сечете ја на коцки како колачи. Доколку сакате, внатре ставете и Бони – топ бонбончиња или пак нешто слатко по ваш избор. 

Објавено:
27 јануари 2017
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
2.219 пати
Извор: 
modamo.info