Белешките на Fashionel од FWSK: Ден #2

25 октомври 2014

Ако првиот ден од Mодниот викенд,  просторот на „Мала Станица“ се покажа како соодветен за презентација на колекциите,  локацијата од втората вечер или втората станица, клуб  „Станица 26“,  потфрли  во сосема спротивниот контекст.  Очигледно беше дека за компактноста на просторот не се размислило рационално, од што произлегоа и неколку  пропусти што не беа очигледни само за нас, туку и за многуте присутни. Доколку постои некаков репер и одредени стандарди за прогресирање на настанот  по кои пред се траба да се почитува публиката и медиумите, тогаш истите, како да беа сосема заборавени и заобиколени.  За жал, овој бележник за разлика од првиот ден, го водиме во сосема поинаква конотација, бидејќи така и всушност ни наложува новинарската етика, да пренесеме што точно се случувало од местото на настанот.

-Непријатните искуства не „ пречекаа“  уште на самиот влез кога пристигнавме, поради гужвата за фотографирање пред рекламниот банер, бевме принудени подолго време од вообичаено да чекаме надвор, иако ревијата требаше да почне за петнаесетина минути.

-Во еден момент помисливме и  дека ревијата нема да се одржи. По долгото  чекање од еден час по закажаниот термин , како впрочем  да ни беше потребна дополнителна социјализација, а не модно уживање, очекувањата висеа на конец.

 

-Кога конечно почна, од  просторот колку можевме да ѕиркаме, забележавме дека вратата од која требаше да излегуваат манекенките претходно не била воопшто воочена како проблем. Истата, мораше да биде придржувана и отворана  на секое ново излегување на моделите, кои пак со страв се движеа по несигурната писта од дрвени платформи. Во секој момент помисливме дека на некоја од нив ќе и се случи непосакуван пад, што произнесе  до нивно несигурно и несинхронизирано претставување пред публиката. Сепак, манекенките одговорија на предизвикот и немаше несакани случувања во тој поглед.

-Поради несоодветната позиција, голем дел од новинарите ја проследија ревијата од „птичја перспектива“ иако оснвоно правило за реално да се доживее колекцијата и потоа да и се пренесе на пошироката јавност, е медиумите да добијат соодветен поглед на истата. Нашиот погледот од тераса попречен од голем дрвен столб оневозможи да ја извршуваме нашата основна работа за која сме присутни. Хендикепот во тој поглед беше целосен.

 

-Неколку изданија на модниот викенд не можеме, а да не ја забележиме една од манекенките која на повеќето презентации се појавува боса. Факт е дека целосната модна слика ја создава комплетниот изглед на писта, но во случајот по се изгледа на дизајнерите тоа не им пречи.

-Откако заврши официјалниот дел од програмата, по што би требало да поразговараме со присутните гости и кои преку нас како новинари и медиуми би требало да ги споделат импресиите со јавноста, немавме многу простор за разовор  бидејќи бевме попречени од инстантното изнесување на големите дрвени платформи кои послужија како писта.

- Позитивните коментатари за крај ги оставаме за дизајнерката Александра Митковска која приреди одлична, квалитетна и издржана колекција каква и очекувавме. Секоја чест и за манекенките кои му се спротивставија на предизвикот да чекорат со темни очила на мазната површина од  несигурната писта без да искрсне нешто непредвидено.

 

Објавено:
25 октомври 2014
Категорија: 
Стил