Моден тренд, во транскрипција би значело, правец или тенденција на развој врз веќе предложен материјален план. За да опстои еден тренд,треба да постојат некои, кои ќе го следат истиот. Од нив, од оние кои ќе го следат, значи успешноста на истиот. Приврзаниците на матрицата од трендот, се главни претставници и виновници на живоста, жилавоста или вегетацијата на еден тренд.
Трендот е само почетната матрица, тоа е избор на субјектот, за она како некој, некои нешта ги замислува, но нема никаква врска со тоа дека токму тоа (тој тренд) е вистининскиот правец или гледиште кон светот. Трендот е само дел кој служи како патоказ или светлина од тунелот. Односно допир или краок скициран приказ кон нештото, нешто слично како синегдотскиот опис на едно нешто. Нагласува тантела, а мисли на барок. Оној што го диктира трендот, настапува бирократски, односно, од биро го исфрла својот заповеднички глас, а потоа ние го расплинуваме и ги следиме неговите претходни инструкции!
Менторскиот чин на еден моден тренд
Ако трендот го претставиме како една белетристичка книга. Напишаното е трендот, а ние сме маргините, односно мисловниот процес на подразбирањето на истиот. Во еден моден тренд ние сме само слепи послушници и никогаш не тој не е упатен директно кон нас, туку неговата работа е свртена единствено за него.
Автор: Илија Илов