„Must have“ модни додатоци за во коса – украсни шноли со бисерни детали

28 јуни 2019

Романтичните украси за во коса, ова лето се „must have".

А украсните шноли декорирани со бисерни детали се тенденција која особено ја преферираат девојките со романтичен, женствен стил.

Токму за романтичните девојки, модната куќа Елена Лука ова лето во својата уникатна понуда стави акцент и на модните додатоци за во коса, украсени со бисерни детали – и сите се љубов на прв поглед!

Може да ги носите поединечно или да ги комбинирате, која и опција да ја одберете, ќе изгледате ултра впечатливо.

Совршено надополнување на вашот летен стил...

 

Објавено:
28 јуни 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
580 пати