Оваа сезона е идеална за носење на чевли до глужд, тренд кој секоја пролет доживува свој камбек. Доколку поседувате класичен модел од овие чевли, вложете во уште еден модел кој ќе биде тотално поразличен од оној кој го поседувате, а ќе ве одвои од толпата токму по уникатниот изглед.

Моментално најбарани модели се оние со отворени прсти или пета, а од нијансите најпосакувани се пастелните кои лесно се вклопуваат во разни стајлинзи, токму поради својата неутралност. Во однос на висината на потпетицата, варираат модели од рамни па се до оние со дебела потпетица, средна висина. Покрај еднобојните модели, интересни кежуал комбинации може да се направат и со чизмите со змиска кожа или пак во металик нијанса. Погледнете ја галеријата и направете го вашиот избор на омилен модел.

Објавено:
30 април 2014
Категорија: 
Модни додатоци